Еден од капитените на македонската репрезентација. Столе Димитриевски на офИцијалната прес-конференција вечерва пред утрешниот меч од Мундијалските квалификации против Велс на Арената Тодор Проески во Скопје од 20:45 часот, рече дека на оваа земја во моментов и е потребна сплотеност и љубов, за да ја препроди барем во одредена мера оваа трагедија која што ни се случи.
„Тоа не погоди сите. Не можев да заспијам. Навистина ми е тешко и на мене и на сите останати во репрезентацијата. Што да кажам? На оваа земја во моментов и е потребна љубов, сплотеност, позитивна емоција. Ќе направиме се за тоа утре да се случи, да и го пренесеме на целата нација“ – изјави Димитриевски па додаде.
Вие сте ми среќа, затоа инсистирав да дојдам на прес пред утрешниот меч
„Што се однесува до скорот на „чисти мрежи“ еве ќе споделам нешто со вас. Инсистирав јас да бидам на денешниот прес затоа што секогаш кога ќе се појавам тука не примам гол. Вие сте ми среќа. Се надевам дека и утре ќе биде така и ќе обезбедиме поволен резултат“ – додаде Димитриевски.