Како што пренесуваат медиумите во Шпанија, Лука Модриќ добил и тоа како примамлива понуда од Виљаереал. Имено му се нудат не така мали пари за едногодишен договор, но што е поважно, му се ветува далеку поголема минутажа од таа што ја има и би ја имал во Реал Мадрид во следната сезона.
А тоа на Хрватот му е важно поради неговиот планиран настап на СП 2026.
Секако дека ова е тешко остварливо. Како прво Лука Модриќ сака барем уште една година да остане на “Сантијаго Бернабеу“, сака во Реал Мадрид да ја заврши својата кариера во летото 2026 година и јасно стави до знаење дека не планира никаде да игра освен во Реал Мадрид.
Сепак за некои работи се прашува и Дон Флорентино Перез кој сеуште се двоуми.