И ФФМ се огласи: Активностите на Масев во Фудбалската федерација престанаа уште пред повеќе од една седмица

1672

Откако медиумите вечерва објавија дека Дени Масев, сега веќе екс спортскиот директор на А-репрезентацијата на Македонија е во притвор, се огласи и Фудбалската федерација со официјално соопштение.

Реакција на ФФМ ја пренесуваме во целост:

Соопштение од Фудбалска федерација на Македонија

Во врска со приведувањето на Данчо Масев, истакнуваме дека Фудбалската федерација на Македонија нема информации за неговите лични постапки и активности кои довеле до оваа ситуација. Со оглед на ситуацијата, неговите активности во рамки на Федерацијата престанаа со моментален ефект, односно пред повеќе од една седмица.

Како институција која се придржува до принципите на законитост и интегритет, случајот го оставаме на органите на Законот во државата.

Нашиот фокус е насочен кон организацијата и подготовката на натпреварот Македонија – Велс, без да се акцентираат личните постапки, а било каква одговорност ќе биде утврдена од законските органи. Фудбалска федерација на Македонија нема да коментира повеќе за овој случај.

ПретходноПред утрешниот дуел на Арената: Македонија се “загрева“ за Велс! (ФОТО)
СледноДејвис: Секогаш е тешко да се игра во овој дел од Европа, Македонија е добра во контра напади