Летот од Кардиф ќе доцни: Велшаните од авион на тренинг на Националната арена

323

Авионот на велшката фудбалска репрезентација со кој ќе допатува во Скопје ќе доцни скоро половина час, па според најавите Велшаните во Скопје ќе пристигнат вечерва по 19:20 часот. Тоа значи дека од авион, избраниците на Крег Белами веднаш ќе бидат транспортирани на Националната арена, каде во време на одигрување на мечот (20:45) треба да го одржат единствениот тренинг пред утрешниот дуел со Македонија.

Претходно е закажана прес-конференцијата на Белами и најверојатно еден од фудбалерите на тимот во прес-центарот на Арената „Тодор Проески“.

Инаку, Белами утрово веќе одржал полесен тренинг со своите репрезентативци пред заминувањето за Скопје.

 

ПретходноСедум хрватски навивачи уапсени во Париз поради нацистички скандирања
СледноСо купен билет за мечот со Велс сите помагаме: Омерагиќ купи 300 билети за утрешниот дуел