Македонија ги дозна можните противници во Лигата на нации

2453

Македонската фудбалска репрезентација за првпат се најде во Б сегментот од Лига на нации. По комплетирање на сите бараж дуели за опстанок или испаѓање во еден сегмент, познати се имињата на 12-те репрезентации кои ќе бидат во вториот сегмент по силина.

Македонија се најде во четвртиот шешир заедно со Шведска, Северна Ирска и Косово, ова се репрезентации кои не можат да се најдат во иста група со „црвено-жолтите“.

Шешир 1: Шкотска, Унгарија, Полска, Израел
Шешир 2: Швајцарија, БиХ, Австрија, Украина
Шешир 3: Словенија, Грузија, Ирска, Романија
Шешир 4: Шведска, Македонија, Северна Ирска, Косово

Ждрепката за новата сезона 2026/27 во Лига на нации ќе биде на почетокот на следната година.

ПретходноДенвер може и без Јокиќ, Мајами конечно победи после 10-те порази (ВИДЕО)
СледноУште еден податок колку е ненормален модерниот фудбал!