Главната ѕвезда на францускиот фудбал денеска, Килијан Мбапе ја објави својата намера да го освои Светското првенство во 2026 година. Напаѓачот на Реал Мадрид го освои Светското првенство во Русија во 2018 година и стигна до финалето на турнирот во Катар во 2022 година, каде Франција загуби од Аргентина на пенали.
„Сакам да го освојам Светското првенство во 2026 година“, изјави Килијан Мбапе по вчерашниот пласман во полуфиналето на Лигата на нации.
Франција вчера на пенали ја победи Хрватска и се пласираше во завршната рунда на турнирот на УЕФА. Во полуфиналето Шпанија ќе биде ривалот на „триколорите“. Мечот ќе се одигра на 5 јуни.