Денвер очекува Никола Јокиќ да се врати на терен во следните 5 натпревари. Центарот се уште не може да му помогне на својот тим поради повредата.
„Кога ќе се вратиме дома, ќе се обидеме да дознаеме во каква состојба е Никола. Би било одлично да добиеме шанса да играме со нашиот целосен стартен состав, кој го немавме многу оваа сезона“, изјави тренерот на Нагетс, Мајкл Мелоун.
Мелоун рече дека не очекува Јокиќ, кој се загреваше пред натпреварот во недела, да игра во понеделник на домашен терен против Чикаго.
Нагетс имаат 2-2 во четирите натпревари што ги пропушти српскиот центар.