Заедницата на навивачи на велшката фудбалска репрезентација, од која голем дел ќе бидат и во Скопје на утрешниот меч со Македонија, преку социјалните мрежи веќе започна кампања за собирање на донации за семејствата на младите жртви од пожарот во ноќниот клуб во Кочани.
„Нашата заедноца работи напорно за поддршка на преживеаните и семејствата на младите жртви од пожарот во ноќниот клуб во Македонија неодамна. Gôl Cymru ќе донира во име на Црвениот ѕид. Можете ли да помогнете?“, е пораката која ја испратија до сите свои навивачи првите луѓе на Заедницата на навивачи на велшката репрезентација.
Донациите вече пристигнуваат преку добротворна организација ГОЛ составена од поддржувачи на велшкиот фудбал, која има за цел да им помогне на сиромашните деца, дома и во странство секогаш кога игра велшкиот национален фудбалски тим. Оваа организација е формирана во 2002 година и веќе имала свои донации во надд 30 сиропиталишта, детски болници и училишта во над 21 земја.