Еве еден податок кој доволно кажува со каков ривал утре нашата А- репрезентација ќе ги одмери силите. Имено утре на 25 март од 20:45 часот на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје, во меч од 2.коло во квалификациската група Ј за пласман на СП 2026, се среќаваме со селекцијата на Велс.
А на утрешен ден пред 149 години или на 25 март 1876 година, Велс го одиграл својот прв репрезентативен меч. Значи 27 години пред Илинденското востание во Македонија, Велс играл репрезентативни мечеви.
Велс е третиот најстар репрезентативен тим во светот, по Англија и Шкотска, а токму Шкотите биле првиот противник на Велшаните во нивната фудбалска историја. Тој меч се одиграл во Глазгов а Шкотска славела со 4:2. Првиот меч на свој терен Велс го одиграл на 5 март следната година во Врексам, исто против Шкотска, и на овој меч Велс бил поразен, но сега со 0:2.
Првиот натпревар против Англија, фудбалската селекција на Велс го одиграла во 1879.
Од ова произлегува дека Велс играл фудбал и тоа 27 години пред во Македонија да се дигне Илинденското востание.
Тоа е таа традиција и историја на фудбалот во Велс и општо во Велика Британија.