Познати се двојките за елиминационото коло во Купот на Македонија

102

Денеска во просториите на РФМ беа извлечени двојките за елиминациското коло во Купот на Македонија.

Актуелниот освојувач на овој трофеј, Алкалоид, Вардар и Пелистер, ќе се пласираат, директно во групната фаза.

Натпреварите од елиминациите играат следниот викенд, вкупно 13 тима заедно со горенаведените три екипи ќе ги формираат групите во Купот на Македонија, мечеви што ќе се играат 26/27 април. Завршниот турнир ќе се одржи од 15 до 18 мај.

Двојки Куп на Македонија – елиминации:

Аеродром – Македонија Ѓ. П.
Мулти Есенс – Преспа Вардар
Текстилец – Прилеп
Бутел Скопје – Металург РА
Радовиш – Скопје
Кичево – Пролет
Овче Поле – Борец ФЛ
Охрид – Шампион
Тиквеш – Јехона
Куманово – Астраион
Младост Богданци – Струга
Вардар Неготино – Партизан Гевгелија
Пелистер 2 – Драчево

ПретходноЈамал после победата ги спушти шорцевите како одговор на забелешките на холандската легенда
СледноАлкалоид одигра реми во Романија, погледнете ги најинтересните моменти (ВИДЕО)