Како што беше планирано, вечерва после пресот на кој говореа селекторот Благоја Милевски и голманот Столе Димитриевски, нашите репрезентативци го одработија вообичениот тренинг. Јасно е дека тактиката од страна на Милевски и неговите соработници веќе е направена, вечерна нашите национали само се загреваа пред она што утре ги чека.
Што се однесува до Ашковски, тој и натаму само трча кругови, веројатно ќе го пропушти и утрешниот меч, а за составот, тоа само Милевски знае.
Сепак тешко е за верување дека утре против Велс ќе го изведе оној ист ултра напаѓачки состав како во Вадуц.
Да почекаме до утре.