Се повреди Петар Атанасијевиќ, останува надвор од терените подолг период

150

Младиот ракометар на Еурофарм Пелистер и македонски репрезентативец, Петар Атанасијевиќ се повреди и подолго време ќе биде надвор од составот на тимот, објавија од битолскиот состав.

21-годишното лево крило на Еурофарм Пелистер поради повреда на десното шутерско рамо нема да му биде на располагање на тренерот Раул Алонсо во периодот кој следува. Од клубот не прецизираа колку долго Атанасијевиќ ќе остане надвор од тимот, но му посакаа брзо опоравување.

ПретходноМбапе: Сакам да го освојам Светското првенство во 2026!
СледноСо минута молк и пароли во знак на почит на загинатите во Кочани почнаа второлигашките мечеви (ВИДЕО)