Иако не блескаа, сепак избраниците на Англија предводени од Германецот Томас Тухел успеаја да слават и во вториот меч од квалификациите за СП 2026. Прво победа против Албанија од 2:0, а вечерва триумф, исто на “Вембли“, против Летонија со 3:0.
Се чини дека Англија одигра колку што и требаше.
Од друга страна Германецот направи нешто што во репрезентацијата на Англија се нема случено повеќе од 30 години.
Имено тој во стартниот состав не стави ниту еден играч на Ливерпул, Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити.
Во продолжение од средбата шанса добија Џонс од Ливерпул и Фоден од Сити.