Одамна знаеме дека ФИФА и УЕФА очекуваат играчите да бидат како роботи, но сега е вистинското време да се потсетиме колку е буквално ненормален модерниот фудбал.
Три од четири натпревари во четврт-финалето на Лигата на нации отидоа во продолженија, а голем број играчи одиграа преку 200 минути во овој прозорец. Не треба да заборавиме дека допрва почнуваат клучните битки во борбата за најважните трофеи во следните два месеци, во „топ пет лиги“ и натпреварувањата на УЕФА.
На сето ова треба да се додаде дека Ла Лига буквално ги принуди Барселона и Осасуна да играат во четврток, на 27 март, пред крајот на репрезентативната пауза, а Рафиња и Роналд Араухо на овој дуел доаѓаат со чартер лет на денот на натпреварот.
Но лудилото во модерниот фудбале не завршува тука.
Финалето на Лигата на шампионите е закажано за 31 мај, потоа полуфиналните натпревари од Лигата на нации на 4 и 5 јуни и финалето на Лигата на нации на 8 јуни, викендот по финалето на Лигата на шампионите.
А потоа – на 15-ти јуни започнува новоформираното клупско натпреварување на ФИФА, кое се одржува во САД и трае еден месец. За трофејот ќе се борат дури 32 екипи од целиот свет.
Играчите и речиси немаат време за одмор, бидејќи треба да почнат со подготовките за новата сезона, која започнува на почетокот на август?
Секако, сите знаат дека следното лето ќе има Светско првенство, исто така во САД, Канада и Мексико…