Хосни и Пелистер потпишаа нов договор!

67

Пелистер и Усама Хосни ќе ја продолжат соработката и во иднина. Клубот и десниот бек потпишаа договор на уште една сезона. Хосни минатото лето се врати во Македонија и го облече дресот на македонскиот шампион, по успешната сезона 2022/23, по која за кратко замина од Битола.

32-годишниот Хосни со Пелистер има еден освоен шампионат и еден Суперкуп на Македонија. Сезонава во Лигата на шампионите Хосни настапи на 14 натпревари и постигна 24 гола.

Тунискиот репрезентативец го носеше дресот на Ал-Араби во сезоната 2023/24. Освен во Македонија и Кувајт, Хосни настапуваше во својата земја, во Франција и Катар.

ПретходноШкупи го повлече дресот на Лазаров, на неговото семејство ќе му бидат исплатени сите плати!
СледноВМФЛ: Денеска се игра одложеното коло поради трагедијата во Кочани, сите мечеви ќе започнат со едноминутен молк!