Челзи ќе плати „пенали“ од 5 милиони фунти ако не потпише со Санчо

162

Челзи ќе мора да му плати казна од 5 милиони фунти на Манчестер Јунајтед доколку Џејдон Санчо не потпише комплетен договор со нив. Претходно се дозна дека 24-годишниот играч се уште не се договорил за соработка со лондонскиот клуб, а Челзи го изнајми Санчо со задолжителна откупна клаузула од 25 милиони фунти.

Доколку страните не постигнат договор, клубот може или да го врати играчот на Манчестер Јунајтед со плаќање парична казна, или да го откупи и препродаде. Санчо оваа сезона одигра 28 настапи за Челзи во сите натпреварувања, постигнувајќи 2 гола и 5 асистенции.

ПретходноГолот на Миовски е втор најубав гол во квалификациите (ВИДЕО)
СледноИталија воведува ново правило за ВАР системот