Седум хрватски навивачи уапсени во Париз поради нацистички скандирања

164

Седум хрватски навивачи се уапсени поради нацистички поздрав и нацистички песни на вчерашниот меч со Франција.

Според „Ле Паризиен“ пред натпреварот, околу 300 хрватски навивачи „пееле патриотски песни, палеле димни бомби и скандирале со нацистички поздрави“. Изданието тврди дека некои од нив биле вооружени со железни шипки и палки.

За време на интонирањето на хрватската химна, десетина луѓе повторно демонстрирале нацистички поздрав.

По завршувањето на натпреварот, седум навивачи се приведени.

ПретходноНавивачите на Велс почнаа акција за собирање средства за семејствата на настраданите во Кочани!
СледноЛетот од Кардиф ќе доцни: Велшаните од авион на тренинг на Националната арена