Ѓоковиќ го урна рекордот на Надал!

487
Фото: Novak Djokovic @DjokerNole

Новак Ѓоковиќ ја постигна рекордната 411-та победа во натпреварите од АТП Мастерс серијата 1000 во неделата, кога го победи Камило Уго Карабели на турнирот во Мајами опен, со што го престигна Шпанецот Рафаел Надал. Србинот на турнирот влезе со 409 победи на Мастерс 1000 турнири, само една помалку од својот долгогодишен ривал. Со две победи на Флорида се израмни, а потоа го собори рекордот.

„Чест ми е што соборив уште еден рекорд“, изјави Ѓоковиќ и додаде: „Речиси секогаш кога играм нешто е во прашање и секако тоа ме мотивира да бидам што подобар на турнирите“.

411-та победа на Ѓоковиќ доаѓа речиси 20 години по неговата прва победа на турнирот Мастерс 1000. Неговата прва победа на тоа ниво на тениски турнири беше во 2005 година во Париз. Оттогаш, тој освои рекордни 40 титули на Мастерс 1000, првпат во Мајами во 2007 година. Во 2018 година, тој стана првиот и единствениот играч што ги освоил сите девет турнири на Мастерс 1000, а до 2020 година, секој од нив го освоил најмалку двапати.

Најдобар скор на турнирите на АТП Мастерс 1000:
1. Новак Ѓоковиќ, 411-91, 40 титули
2. Рафаел Надал, 410-90, 36 титули
3. Роџер Федерер, 381-108, 28 титули
4. Енди Мареј, 230-101, 14 титули
5. Андре Агаси, 209-73, 17 титули

Ѓоковиќ сега има рекорд од 411-91 на турнирите на Мастерс 1000, според АТП. Неговиот процент на победа е 81,9 отсто, што е само малку помалку од 82 отсто на Надал (410-90), што е најдобар резултат во историјата. Ниту еден друг играч не постигнал повеќе од 80 проценти победа на турнирите на Мастерс 1000.

Оваа недела Ѓоковиќ ја брка рекордната седма титула во Мајами и неговата прва титула на Мастерс 1000 од 2023 година, кога победи во Париз.

ПретходноРоналдо повторно влезе во Гинисовата книга на рекорди
СледноДенвер може и без Јокиќ, Мајами конечно победи после 10-те порази (ВИДЕО)