Белами: Ќе излезе дека ова е драгоцен бод, но мислам дека ги заслуживме трите

716

Репрезентацијата на Велс во Скопје ама буквално се спаси во последната секунда. Брукс во шестата минута од судиското продолжение успеа да постигне гол повеќе на наша грешка отколку на способност на противникот, и на Велс да му донесе огромен бод среде Скопје во ремито 1:1.

А можеше се да биде поинаку. Голот на Миовски ни донесе злато вредна предност во првата минута од продолжението за еурпција на Арената. Сите веќе ги прокниживме бодовите на нашето конто, но не и противникот. Не се предаде, сконцентриран во додавањата, ја дочека својата шанса. Иако судијата четвртиот судија покажа четири минути продолжение, сепак, се играше до шестата, кога Брукс и погоди во нашата мрежа.

„Последните шест минути се трудев да не го гледам семафорот. Мислам дека бевме подобри. Ете, има денови кога не одат работите како што сакате. И кога го примивме голот верував дека нема да загубиме. Можеби ова ќе испадне ова е драгоцен бод за нас.Според играта мислам дека ги заслуживме трите. Во репрезентативните мечеви немате премногу шасни, ние ете не ги искористивме кога требаше. Мислев дека ќе биде тешко да се поднесе пораз на ваков меч но мора и на тоа да се навикнеш. Како што ги учам јас играчите, така учам и јас од нив. Од нивниот карактер. Искрен да бидам очекував повеќе од Македонија. Повеќе да не притиснат. Мислам дека бевме подобар тим. Мора да ги добиваме ваквите мечеви“ – изјави Крег Белами, селекторот на Велс.

ПретходноМиовски: Болно и жално е да се прими гол во последните десет секунди
СледноЕлмас: Можеме само да жалиме, ова за нас беше емотивно тежок меч по настаните во Кочани!