Бојан Миовски ќе игра со специјални копачки во чест на настраданите во Кочани!

1003

Македонската фудбалска репрезентација вечерва (20:45 часот) го игра вториот квалификациски меч за пласман на СП 2026 година. Противник на избраниците на Благоја Милевски е Велс, а мечот ќе се игра на Арената „Тодор Проески“.

Натпреварот ќе биде со хуманитарен карактер, сите средства од продажба на билетите ќе бидат наменети за семејствата на настраданите во Кочани.

Нашите фудбалери на оваа средба ќе настапат со темни дресови, а на теренот Бојан Миовски ќе излезе со нови копачки во знакот на македонското сонце, во знак на сеќавање на сите што ги загубивме во големата трагедија.

„Секој човек има своја приказна и секој човек има свое животно патување. Навраќајќи се во моето детство додека ги држев моите први копачки, се сетив дека кажав нешто што длабоко посакував: „Еден ден со цело срце ќе играм за мојата земја“ и еве ме, по многу години, играм за Македонија, мојата земја, бисерот на Балканот. Овие специјализирани копачки имаат исклучително значење, со свето нешто – моето национално знаме и иницијалите на моето семејство. На денешниот натпревар за македонската репрезентација, ќе ги носам во чест и сеќавање за сите што ги загубивме на 16.03.2025 година, за сите кои се уште се борат за своите животи и за сите семејства. Нека почиваат во вечен мир упокоените души, сите мои молитви за повредените“,

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bojan Miovski (@miovskibojan)

ПретходноСелекторот Милевски денеска полни 54. години: Нека биде победнички роденденот!
СледноУ-16: Македонија со победа против Киргистан!