Бутел Скопје и Пролет одиграа вистински дерби меч кој беше решен во последните пет минути. Избраниците на Горан Кузманоски во клучните моменти се снајдоа многу подобро и на крајот сосема заслужено се радуваа на победата од 23-21 во рамките на последното коло во Супер-лигата.
Бутел Скопје со скор од 12-10 оди во плеј-оф натпреварувањето, додека пак Пролет во плеј-офот каде најверојатно ќе стартува од првата позициија.
Ова беше дуел со многу промени на водството, првото полувреме заврши со 13-13. Бутел Скопје при негатива од 18-19, со три гола во низа поведе со 21-19, а потоа со 23-20 за крај на сите дилеми околу крајниот победник.
Николов со девет гола блескаше во дресот на победникот каде пет погодоци имаше Ѓоергиевски. Во редовите на Пролет, Стоилевски имаше пет гола.