Натпреварите од последното коло започнаа со минута молк во чест на загинатите во пожарот во Кочани. „Црвено-црните“ играа со темни дресови, а на загревањето се појавија со специјални маички.
Очекувано, Вардар 1961 запиша победа откако на домашен терен славеше против Струга со убедливи 40-26. Овој меч беше решен во едно полувреме, кое домаќинот го доби со осум гола разлика (19-11).
Овој дел од натпреварувањето „црвено-црните“ го завршуваат со скор од 20 победи и два порази, во плеј-офот ќе пренесат два бода, додека пак Струга која оди во плеј-аут лигата, оствари три победи, реми и 18 порази.
Хориха и Маргели веа лидери кај победникот, имаа по седум гола, на другата страна Џигероски и Стојков имаа по шест погодоци.
Тиквеш не дозволи да зависи од Бутел Скопје околу крајната позиција од која ќе стартува во плеј-офот, на домашен терен беше подобар од Борец со 29-24. Со оваа победа кавадарчани го задржаа петтото место, што значид дека ќе пренесе бод во следната фаза.
Ракометарите на Тиквеш не блескаа на оваа средба, иако влегоа како големи фаворити. Гостите на одморот имаа минимална позитива од 14-15. Кавадарчани мечот го решија во вториот дел, не дозволија изненадување.
Коцев постигна седум гола кај домаќинот, додека кај поразениот тим Черубим имаше имаше пет гола.