Македонската фудбалска репрезентација за помалку од три часа на Арената Тодор Проески во Скопје ќе го одигра вториот меч од тековните Мундијалски квалификации против Велс.
Гостите пристигнаа синоќа во Скопје, не го одржаа вообичаениот тренинг на Арената. Па така, покрај прес конференцијата втор пат се појавија попладнево во центарот на Скопје. Целокупниот екипаж на Велс се прошета на плоштадот Македонија во центарот на Скопје, и што се вели го почувствува нашиот главен град. Да се надеваме дека ова ќе биде нивното единствено пријатно искуство овде, и дека вечерва нема да освојат бодови на Арената.