Беше славен фудбалер на Ливерпул, во негово време од фановите на овој голем клуб беше еден од најсаканите фудбалери на “Редси“ а сега е селектор на Велс. Тој играше за својата селекција во 2013 против Македонија.
Крег Белами е оној кој во последните 10 месеци и тоа како го дигна Велс, фудбалски кажано. Оваа селекција, против која играме вечерва во рамките на 2.коло во квалификациската група за СП 2026, по оној убедлив пораз од Словачка со 4:0 во јуни минатата година, го назначи Белами за предводник.
Очекувањата не беа којзна какви, но Белами успеа на сите седум мечеви на кои го водеше тимот на Велс, да не загуби. Има биланс од четири победи и три ремија.
Двапати со Турцција одигра реми без голови, со Исланд имаше 2:2 и 4:1, и со Црна Гора 2:1 и 1:0, ова се сите мечеви во Лигата на Нации. За да во саботата во Кардиф на стартот од овие квалификации за СП 2026, Велс на Белами го победи Казахстан со 3:1.
Значи Белами сеуште нема пораз како селектор на Белгија, па силно посакуваме првиот нека му биде вечерва во Скопје.