Македонската фудбалска репрезентација вечерва (20:45 часот) на Арената „Тодор Проески го пречекува Велс во вториот квалификациски меч за пласман на Европското првенство. И двете селекции стартуваа со победи, Македонија славеше на гости кај Лихтенштајн со 0-3, додека Велс беше подобар од Кахастан со 3-1.
Правдата на натпреварот ќе ја дели францускиот судија, Жером Бризар, кој вчера го прослави 39. роденден заедно со останатите помошници и официјални лица кои се делегирани. Прв асистент е Ерван Финжеан, додека втор е Алексис Оже. Четврт официјален судија ќе биде Ромен Лисорг. Задолжени за ВАР ќе бидат: Бастиен Дешепи и Ерик Вателје.
За постетување ФФМ одлучи сите средства кои ќе бидат собрани од продажба на билетите за оваа средба ќе бидат наменети за семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката во Кочани.