Ако Велс има добра серија, тогаш и Македонија и тоа како може да се пофали со одлична серија. Македонија е во налет, избраниците на селекторот Благоја Милевски уриваат рекорди кога историјата и традицијата на нашата најдобра фудбалска селекција се во прашање.
Па така пред вечерашниот меч со Велс, да се потсетиме на бројките.
Македонија е во серија од шест победи без примен гол (Ерменија 2:0, Летонија 3:0, Ерменија 2:0, Летонија 1:0, Ф. Острови 1:0, Лихтенштајн 3:0.
Македонија е во серија, тука ги сметаме само официјалните квалификациски мечеви, од осум меча без пораз (Англија 1:1, Ф. Острови 1:1, Ерменија 2:0, Летонија 3:0, Ерменија 2:0, Летонија 1:0, Ф. Острови 1:0, Лихтенштајн 3:0.
Нашиот голман Столе Димитриевски е со неверојатни 621 минути без примен гол или популарно кажано “чиста мрежа“.
Секако дека посакуваме овие бројки и рекорди на Македонија и вечерва после мечот со Велс да бидат уште поголеми.
Инаку вкупно за Македонија ова ќе биде 292 натпревар во својата самостојност. Тука ги броиме сите, и оние пријателските.
На досегашните 291 меч сме забележале 93 победи, имаме 72 ремија и 126 порази со гол разлика 353:390.
Па нека биде вечерва славје за нашата 94 победа.