Пауло Дибала е опериран. Во текот на вчерашниот ден во Лондон била извршена неопходната интервенција над тетивата на неговата лева нога и за аргентинецот сезоната е завршена.
Тој се повреди неодамна на еден од мечевите во Серија А, а прегледите покажаа дека повредата е сериозна и дека истата бара хируршки зафат за да биде санирана.
Прогнозите се дека за потполна рехабилитација ќе бидат потребни околу три месеци што значи дека сезонава за него дефинитивно е завршена.