Елмас: Можеме само да жалиме, ова за нас беше емотивно тежок меч по настаните во Кочани!

216

Македонија имаше водство од 1:0 против Велс до последната секунда од средбата, но етем не успеавме да го сочуваме голот и на крајот мораме да се задоволиме само со бод.

Елиф Елмас по мечот ги искажа своите импресии од оваа средба која заврши со резултат 1:1.

Одигравме на високо ниво на тактички план. Само можеме да жалиме за овие два загубени бода, но тоа е фуудбалот. Некогш во 90 минута ке дадеп гол, некогаш ќе примиш. Не очекуваат уште два меча во јуни, па така со ладни глави, одиме понатака, фудбалот е таков. Ќе видиме како ќе биде понатака. Одигравме еден добар меч против квалитетен противник, знаеме сите нивните играчи каде играат. Бевме на високо ниво. Ова е добар знак и за нас, покажавме дека можеме да се носиме и со најсилните. Целта наша е да одиме се погоре и погоре“ посочи Елмас.

Нашиот Дијамант кажа дека ова за нив биле многу емотивни моменти по настаните вио Кочани:

Поминавме тешки седум дена. Беше емотивно, не знам што да кажам, беше тешко по еден ваков период. Жалам искрено знаете какви музички артистио загинаа во Кочани, исто така млади. Лесна им земја, жално е и тешко ми е“.

ПретходноБелами: Ќе излезе дека ова е драгоцен бод, но мислам дека ги заслуживме трите
СледноМоментот кој ги урна сите наши срца (ВИДЕО)