Македонската фудбалска репрезентација против Велс ќе игра пред полни трибини. Нашите информации велат дека Арената „Тодор Проески“ е распродадена, апелот на ФФМ и фудбалерите допре до фановите. Сите парична средства од овој меч, претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ изјави дека ќе бидат наменети за семејствата на настраданите во пожарот во кочанската дискотека. Уште само малку билети се останати за западната трибина, а веројатно и тие ќе ги снема во следниот час.
Самио Омерагиќ купи 300 билети, додека пак Горан Пандев купи 100. Најавија дека гратиси нема да има за дуелот меѓу Македонија и Велс, кој е од хуманитарен карактер. Нашите фудбалери ќе играат во темни дресови во чест на жртвите во големата трагедија. Дуелот меѓу Македонија и Велс стартува во 20:45 часот.