Леонид Јандреоски е нов генерален секретар на ФФМ

515

На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската Федерација на Македонија, е донесена одлука со која Леонид Јадреноски е назначен за нов Генерален секретар. Јадреноски автоматски стапува на функција и ќе има четиригодишен мандат.

Леонид Јандреоски (02.10.1997) е дипломиран економист на економскиот факултет при УКИМ. Има завршено магистарски студии на економскиот факултет во Љубљана, во областа спортски менаџмент. Активно учество во организацијата на Европското првенство во фудбал до 21 година во Љубљана, Словенија 2021 година. Стекнат сертификат за напреден спортски менаџмент, едукативна програма организирана од МОК.

Работно искуство има во реномираната компанија А1 Македонија во делот на маркетинг комуникации, продолжувајќи го искуството во истата област од Универзал Медиа.

Освен тоа, управниот одбор на ФФМ одлучи да распредели средства наменети за солидарна шема на УЕФА за сезоната 2024/25 во висина од 1.811.000 евра.

Средствата ќе бидат распределени на клубовите од Прва МФЛ кои ќе ги исполнат критериумите за натпреварувачата сезона (програма за развој и минимум правни информации).

Средствата ќе бидат распределени подеднакво, односно секој клуб ќе добие по 150.916,00 евра.

ПретходноМечевите на Дино баскет до крајот на сезоната ќе имаат хуманитарен карактер
СледноОва е стартниот состав: Македонија против Велс со Елмас и Миовски во нападот! (ФОТО)