Европските квалификации за пласман на СП 2026 веќе стартуваа. Во некои групи се одиграа две кола, а вечерва во нашата група – Ј, Македонија во Скопје, очекуваме пред полни трибини на Националната Арена “Тодор Проески“ го пречекува Велс. Ова ќе биде втор меч и за двете селекции. Секако дека по онаа победа на стартот во Вадуц кај Лихтенштајн, очекуваме, посакуваме и втора радост.
Јасно е дека во групата фаворити се Белгија и Велс, но убаво ќе биде да видиме што велат прогнозите во анализата на популарната платформа “Fudbal Mits Dejta“ за тоа какви се шансите на Македонија во овие квалификации.
Па така таму стои дека А-репрезентацијата на Македонија има 11 насто шанси да заврши како прва на табелата на крајот во овие квалификации во групата – Ј. Ако така и биде, тогаш Македонија директно ќе се пласира на СП 2026.
За тоа да завршиме како втори, нашите шанси се 24 насто. Ако ова се оствари, тогаш Макединија ќе игра бараж за Мундијалот. Најмногу шанси, 48 насто ни се даваат дека ќе бидеме трети во групата во која се и Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн.