Милевски: Останува горчина дека можевме да победиме, Македонија на тактички план одигра извонреден меч!

403

Македонија во својот втор меч од овие квалификации, дома против Велс одигра 1:1. Штета, шест минути ја имавме победа во свои раце, сепак на крајот не успеавме да победиме.

Селекторот Благоја Милевски на пресот евидентно беше дека не беше задоволен.

Секако дека имам горчина како се одвиваше мечот. Ова е сериозен протовник како тим. Велшаните се сериозни агресивни. но од меч во меч напредуваме. но ете тој некој икс фактор ни фали за да бидеме и над селекции како Велс. Од една страна да, тешко е да се прифати овој момент. Но од друга страна можеме само да бидеме горди на она што го одигравме против селекција која е во топ 10 15 во Европа

Како падна голот на Велс, дали еуфоријата беше грешка?

Не верувам дека од еуфорија ја направивме таа грешка. се случуваат такви грешки. благодарност за посетата. се надеваме дека вративме на најдобар можен начин. Да … да завршеше мечот 0:0 сите ќе бевме среќни. Вака останува горчина дека можевме и да победиме

Тој истакна дека е задоволен од неговите избраници:

Не можам да не бидам задоволен од она што играчите го даваат на терен. Се надевам дека никогаш нема повторно да се соочиме со ваква трагедија а одозгора на тоа да се подготвуваш за квалификациски дуели. Некој да ни ги понудеше овие четири бода по првите два меча секако ќе прифативме. Нашите играчи се конкурентни со премиерлигашки играчи. Односот на играчите и како тие се однесуваат во репрезентативниот дрес дава резултат. Не коментирам судии само се поздравив со судиите по мечот.Македонија на тактички план одигра извонреден дуел против сериозен противник. ниту мислам на Велс сега ниту ќе мислам на нив се до гостувањето во Кардиф. Следен меч е оној против Белгија во јуни туказваврши нашиот селектор.

ПретходноМоментот кој ги урна сите наши срца (ВИДЕО)
СледноЌе биде запишан во историјата: Рекордот на Столе застана на 711 минути!