Македонската фудбалска репрезентација во последната секунда прими гол за конечни 1-1 на дуелот против Велс, вториот меч во квалификациите за пласман на Светското првенство 2026 година.
Стрелец на голот за нашата селекција беше Бојан Миовски, за жал не успеавме да ја сочуваме оваа предност.
„Примивме гол во последните десет секунди. Болно е и жално да се прими гол во последните десет секунди. Знаевме дека играме против репрезентација во која 90% од играчите играат во Премиер-лига. Бевме трпеливи, бевме поставени одлично и ја чекавме шансата. Се боревме, таа шанса ни дојде во вистински момент, ама кога помисливме дека се е готово, играчи како од Велс веднаш ќе те казнат“, изјави Миовски, кој и се заблагодари на публиката за поддршката:
„Тешко беше да се играат овие два меча по големата трагедија во Кочани. И благодарам на публиката што ни даде поддршка, жално е ова што се случи нека почиваат во мир“.