Македонската фудбалска репрезентација беше на чекор, секунди до победа над Велс во вториот квалификациски меч за пласман на Светското првенство 2026 година. По голот на Бојан Миовски во првата минута од судиското надополнување, Брукс пред судискиот свиреж израмни за 1-1 во 90+6.
Ова е моментот кој ги урна сите наши срца.
— new account @CenterOfGoals (@TildaAylif65184) March 25, 2025
Сепак нема простор за разочарување, фудбалерите покажа дека и во најтешките моменти се борат лавовски, за својата земја. Вечерва Македонија покажа сплотеност, стадионот беше полн во чест на настраданите во големата трагедија во Кочани.