Македонската фудбалска репрезентација предмалку го стартуваше квалификацискиот дуел од Мундијалската кампања против Велс пред преполната Арена во Скопје.
Одекна химната на Македонија во преку 25.000 македонски грла кои во еден глас викнаа за поддршка на нашите момци кои вечерва ја бараат втората победа во оваа кампања по онаа стартната против Лихтенштајн пред три дена.
Да, ова се тешки моменти за македонскиот народ но поддршката за нашите момци им е неоходна.
Во исто време минута молк од 25.000 народ по повод големата трагедија во Кочани, која одекна до небото, за да ја чујат 59. загинати во Кочани. Слава им одекна од Арената.