Немоќните Дончиќ и Леброн загубија од тимот кој постигнува најмалку кошеви во НБА (ВИДЕО)

119

Орландо Меџик славеше голема победа против Лос Анџелес Лејкерс на домашен терен од 118:106. Третата четвртина беше катастрофална за Лејкерси, бидејќи не можеа да се вратат во игра, па на крајот беа поразени од тимот кој што постигнува најмалку поени во НБА-лига (104.8).

Сето тоа на крајот резултираше пораз од 12 поени разлика во корист на Орландо, кој ќе продолжи со добрите настапи како што се ближи крајот на сезоната.

Орландо до победата го предводеше незапирливото дуо Вагнер и Паоло Банкеро. Вагнер постигна 32 поени со пет скока и девет асистенции, а од поле стрелаше 13/26. Банкеро го следеше тоа со 30 поени, седум скока и 9/17 шут од поле.

На другата страна се истакна Лука Дончиќ со 32 поени, седум скока и седум асистенции. Најдобро го следеше Леброн Џејмс со 24 поени, шест скока и седум асистенции.

Резултати: Индијана – Минесота 119:103 Вашингтон – Торонто 104:112 Бруклин – Далас 101:120 Њу Орлеанс – Филаделфија 112:99 Денвер – Чикаго 119:129 Феникс – Милвоки: 110610.

ПретходноСо головите на Тричко и Алекс: Еве како пред 12 години го победивме Велс! Така нека биде и вечерва (ВИДЕО)
СледноГлавниот судија во Скопје го прослави 39. роденден