Познат е стартниот состав на А-репрезентацијата за вечерашниот дуел со Велс во рамките на квалификациите за СП 2026. Очекувано селекторот Благоја Милевски направи неколку промени во однос на стартниот состав од Вадуц. Јасно е дека против Велс не смееме да играме така ултра офанзавно како против Лихтенштајн.
Формацијата е 3-5-2, а ова се стартните единаесет.
На голот е Димитриевски, во стоперската тројка се Муслиу, Серафимов и Зајков, бекови се Алиоски и Илиевски, средниот ред ќе го контролираат Алими и Костадинов, пред нив ќе бидат капитенот Барди и во нападот очекувано Елмас и Миовски.
Значи од Вадуц од стартерите ги нема Трајковски и Чурлинов а на нивно место се Костадинов и Илиевски.