Во пресрет на вечерашниот меч меѓу Македонија и Велс, претставници на двете фудбалска федерации денеска имаа средба. На истата, Горан Пандев, спортскиот директор на наационалните селекции од името на ФФМ и претставникот на Фудбалската федерација на Велс си разменија дресови. Впечатлив беше дресот кој го доби Велшанецот на кого стоеше потсетување на трагедијата во Кочани.
Јасно е дека Горан Пандев, неговото име и големина секако дека и тоа како многу им значи на нашите репрезентативци. Тоа убаво на пресот во Вадуц, пред мечот со Лихтенштајн убаво го кажа и капитенот Енис Барди, дека од него тие многу научиле и допрва ќе учат и дека се задоволни што повторно е тука, со нив кога станува збор за репрезентацијата.