Пелистер без мака до победа во Прилеп

29

Екипата на Пелистер со победа стави печат на првата позиција на табелата во последното коло во Супер-лигата, откако на гостински терен славеше со 22-35. Битолчани во плеј-офот ќе стартуваат со три бода, додека пак прилепчани ќе се борат во плеј-аут лигата.

Ракометарите на актуелниот првак одиграа одлично во првото полувреме, по кое имаа позитива од десет гола (8-18). Не се промени ништо во продожение, Пелистер ја имаше рутинската задача.

Цветан Кузманоски имаше пет гол, еден помалку запиша капитенот Филип Кузмановски. Кај поразениот тим, Бикоски и Квастек имаа по четири погодоци.

ПретходноНајголемата тишина од 25.000 луѓе (ВИДЕО)
СледноПолувреме: Резервирана Македонија, мрежите мируваат, Столе се жали на повреда!