Победа има нови сопственици!

1382

Фудбалскиот клуб Победа добива нови сопственици на мнозинскиот дел од акциите, но името на истите ќе биде познато по целосно завршување на процедурата за пренос.  Ова го најавија од страна на клубот, кои информираат дека средствата од продажба на билетите од дуелот меѓу Победа и Башкими ќе бидат наменети за семејствата на жртвите од Кочани.

„Почитувани љубители на спортот,

Ве известуваме дека ФК Победа АД Прилеп во моментов се наоѓа во период на примопредавање на извршната власт. Новите акционери донесоа одлука сите средства од продажба на билети за претстојниот натпревар помеѓу ФК Победа и ФК Башкими ќе бидат наменети за помош на семејствата на жртвите од трагичниот настан кој се случи на 16.03.2025 година во Кочани. Билетите ќе се продаваат на штанд na ФК Победа кој ќе биде поставен на Градскиот плоштад во Прилеп, како и пред Градскиот стадион „Гоце Делчев“ пред почетокот на натпреварот“, се вели во соопштението. 

Претходно“Сите знаеме дека Мундијалот во Катар беше наместен за Меси да го освои, дури и Франција го сакаше тоа“!
СледноСелекторот Милевски денеска полни 54. години: Нека биде победнички роденденот!