Со резултат 0:0 завршија првите 45.минути од мечот Македонија – Велс вечерва на Арената во Скопје, во рамките на квалификациската група – Ј за пласман на СП 2026.
Пред нешто повеќе од 25.000 гледачи, реално Велс како да сакаше повеќе да дојде до голот. Македониоја беше дисциплинирана и резервирана, само во два наврати од далечина се заканивме и тоа преку Костадинов и Алиоски.
Велшаните имаа повеќе од играта, имаа поголем посед, имаа и шанси преку Шејм, особено опасно беше во 33.минута кога Томас шутираше а Столе одбрани.
Лоша вест е што нашиот голман се пожали на повреда на зглобот во таа 26.минута, му се укажа лекарска помош, но прашање е дали ќе може да брани во второто полувреме.