И двата македонски репрезентативци, Ненад Димитријевиќ и Ти-Џеј Шортс не успеаја да дојдат до победа во Евролига, откако запишаа гостински порази.
Ненад Димитријевиќ и Олимпија Милано беа совладани од Реал Мадрид со 96-89, а најдобриот македонски кошаркар зад своето име запиша шест поени, два скока и една систенција.
Шортс пак и Париз испуштија голема шанса да дојдат до победа против Фенербахче, имаа двоцифрена предност, но паднаа во последната четвртина. Шортс даде значајни поени во самиот финиш, но за жал на другата страна противникот реализираше за конечни 101-100.
Американецот со македонски пасош повторно имаше дабл-дабл, овој пат од 19 поени и 10 асистенции, додаде и два скока.