Прекин и громогласен аплауз во 59. минута за загинатите во Кочани (ВИДЕО)

390
0

На квалификацискиот дуел помеѓу Македонија и Велс во Скопје на Арената Тодор Проески, предмалку отчукна 59. минута. Во тој момент повеќе од 25.000 присутни на трибините со громогласен аплауз, и светилки од телефоните оддадоа почит кон 59. починати во трагедијата во Кочани.

Истото се случи и на првиот дуел од кваливикациите пред три дена во Лихтанштајн, но овојпат од многу поголема бројка на наши навиачи.

Ќе ни треба многу долг период како нација да ја пребродиме оваа трагедија, а ваквите моменти треба да се негуваат за да остане спомен за никогаш непрежалените момчиња и девојчиња загинати во трагедијата во Кочани.

 

ПретходноДибала е опериран и за него заврши сезоната
СледноПораз за Димитријевиќ и Шортс во Евролига