Македонија – Велс 1:1 пред повеќе од 25.000 гледачи вечерва на Арената во Скопје, во меч од 2. коло во квалификациската група – Ј за пласман на СП 2026.
Супер Бојан со гол во 90.минути за 1:0, а во 90+6 со гол за Велс за 1:1.
ПРОКЛЕТСВО.
ВЕЛС ПРИТИСКА, МАКЕДОНИЈА РЕЗЕРВИРАНА
Уште на почетокот Велс тргна во напад, едвидентно беше дека четата на Крег Белами дојде во Скопје што побргу да даде гол, да победи. Гостите притискаа речиси во текот на целото прво полувреме. Уште во 1.минута преку Џејмс опасно се заканија, но сепак Столе беше на место. На другата страна врати Костадинов со шут од далечина во таа 3.минута, но сепак за малку непрецизно.
Лошо беше тоа што нашиот голман во таа 26.минута се пожали на повреда на зглобот, имаше 3-4 минути лекарска интервенција, но сепак го продолжи натпреварот иако се гледаше дека има проблеми.
Најголемата шанса Велс ја имаше во 33.минута кога Томас од изгледна шанса, не успеа да го совлада нашиот Столе. Пет минтути подоцна и Шихан се обиде, но и сега Димитриевски беше одличен на својот гол.
Во самиот финиш на првиот дел Барди од корнер нафрли, Алиоски на другата страна ја дочека таа топјка на волеј, тоа и го направи, но не успеа да го совлада голманот на Велс.
Па така на пауза се замина со тие почетни 0:0.
ВО 59.МИНУТА МЕЧОТ ВО МАЛ ПРЕКИН ПОРАДИ ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ
На стартот од вториот дел речиси иста слика на теренот, се очекува нешто повеќе од Македонија, се очекува напаѓачка Македонија. Сепак Велс со својата брзина тешко одеше. Во 52.минута Џордан Џејмс шутираше, тоа беше опасно, но сепак останува и натаму 0:0.
Нешто подоцна Д. Џејмс нафрли, топката се лизгаше пред на нашиот гол, имавме среќа.
И потоа Елмас во 59.минута немаше среќа, се добро направи, шутираше, но сепак нема водство за Македонија.
Веднаш потоа мал прекин на мечот во знак на Кочани, како потсетување на настаните и трагедијата минатата недела.
Во таа 61.минута во игра влегоа Чурлинов и Атанасов влегоа, на местото на Алими и Зајков.
УФ, ЧУРЛИНОВ ШУТИРА, ДАРЛОУ ФАНТАСТИЧНО БРАНИ,. МУСЛИУ СПАСУВА ЧИСТ ГОЛ
Конечно во 65.минута вистинска акција, добра шанса и шут на Македонија. Дарко Чурлинов од 12-13 метри шутираше силно, но штета, голманот на гостите фантастично одбрани.
Штета, штета, ова само ја загреа публиката на Арената.
Затоа имавме голем среќа во 72.минута кога Висар Муслиу по шутот на Џонсон, од гол – линијата ја исфрли таа топка и спаси чист гол.
Браво Висар. Нешто подоцна Барди се закани, но повторно ништо, и натаму резултатот е 0:0.
Алиоски во 81.минута нафрли или шутираше, но сепак пред голот на гостите Миовски и Чурлинов не стигнаа. Уште една шанса за Македонија.
МИОВСКИИИИИИ….ГООООЛ
И тогаш во таа 90.минута по една грешка на гостите Миовски убаво се снајде и донесе водство од 1:0. Супер Бојан.
Но тоа не е победа, Брукс во 90+6, погоди за 1:1.
Штета, штета…
Квалификации за СП 2026 група – Ј, 2.коло
МАКЕДОНИЈА – ВЕЛС 1:1 (0:0)
Национална Арена „Тодор Проески“ во Скопје. Гледачи: 25.000. Судија:Жером Брисар (Франција). Стрелци: Миовски 90.(МАК),Брукс 90+6. (ВЕЛ)
МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Зајков (61.Атанасов), Серафимов, Муслиу, Илиевски (88. Димоски), Костадинов, Алими (61.Чурлинов), Алиоски, Барди, Елмас, Миовски (90+2. Трајковски).
Селектор: Благоја Милевски.
ВЕЛС: Дарлоу, Томас, Мефам, Родон, Дејвис, Вилијамс, Џонсон (84. Матондо), Џ. Џејмс, Шихан (84. Ален), Д. Џејмс (63.Мур), Броутхед (75. Брукс)
Селектор. Крег Белами.