Продолжуваат мечевите во домашниот ракометен шампионат, на програмата е последното коло од Супер-лигата. Денеска ќе се одиграат четири меча: Вардар на домашен терен го пречекува тимот на Струга, од клубот известија дека ќе настапат во темни дресови во чест на настраданите во трагедија во Кочани.
Тиквеш игра против Борац, додека пак интересно ќе биде на скопското дерби меѓу Бутел Скопје и Пролет. Актуелниот првак, Пелистер гостува на Прилеп.
Утре ќе се одиграат уште два меча, во центарот на вниманието е пресметката меѓу Алкалоид и ГРК Охрид. Радовиш ќе се соочи со Куманово.
За врвот на табелата пред плеј-офот нема дилеми без разлика на крајните резултати, единствено може да се промени позицијата на Тиквеш и Бутел Скопје. За плеј-аутот исто се чека целосна разврска за целосен изгледа на поредокот во однос на пренесување на бодови.