Македонската репрезентација до 17. години со пораз го заврши квалификацискиот турнир во Шкотска. Во третото коло загубивме од Романија со 0:3 во дуел во кој можеби и ќе имавме некаква шанса за поволен резултат, доколку го реализиравме пеналот во 28. минута.
Дамјановски го промаши при негатива од 0:1, а потоа противникот во последната минута од полувремето зголеми на 0:2.
Попеску во последните моменти од дуелот ги постави конечните 0:3. Со ова, конечната табела е со следниот редослед. Шкотска го освои турнирот со седум бода, Романија е втора со шест, Македонија трета со четири, а Лихтенштајн е последен без бодови.