Селекторот Милевски денеска полни 54. години: Нека биде победнички роденденот!

125

Ете како се местат некои работи. Денеска селекторот Благоја Милевски полни 54.години, па секако дека сите ние посакуваме тој да има победнички роденден. Нека Македонија победи со Велс и ете на најдобар можен начин го прослви својот 54-ти роденден.

Благоја Милевски како селектор на Македонија дојде во летото 2021 година. Во овој изминат период ја донесе А-репрезентацијата на чекор до пласман на СП 2022, кога по победата над Италија во Палермо, во финалето на плеј-офот бевме поразени од Португалија на гости. Македонија под водство на Милевски во изминатиот циклус во Ц Лигата на Нации во групата убедливо беше прва и се пласира во Б Лигата на Нации.

Милевски доби доверба да ја предводи Македонија и на овие квалификации, стартуваше одлично со победа над Лихтенштајн во Вадуц. Сепак она вистинското е вечерва, против силниот состав на Велс ќе се видат можностите на оваа репрезентацијата на Македонија предводена од сегашниот селектор.

Во овие 3,5 години како селектор, Благоја Милевски во 32 наврати ја водеше репрезентацијата, со што го надмина и Драган Канатларовски, па сега пред него е само Игор Ангеловски со 52 меч.

Милевски секако дека вечерва ја посакува 14.победа како селектор, досега има 13, има и 8 ремија и 11 порази со гол разлика 45:36.

На крајот кога сме кај Милевски да не заборавиме дека тој ја однесе У-21 Македонија на ЕП 2017.

ПретходноПобеда има нови сопственици!
СледноБојан Миовски ќе игра со специјални копачки во чест на настраданите во Кочани!