“Сите знаеме дека Мундијалот во Катар беше наместен за Меси да го освои, дури и Франција го сакаше тоа“!

751

Иако минаа 2,5 години од СП во Катар, на кој Аргентина по третпат стана светски првак а Лео Меси за првпат го освои, сепак во одредени фудбалски кулоари и натаму се говори дека на тој Мундијал и не било се чисто. Демек одредени лица во ФИФА, заедно со организаторот и другите по секоја цена настојувале победник да бидат “Гаучосите“ и со тоа најголемиот во историјата на фудбалот конечно да дојде до тоа што му недостига, а тоа е светската титула.

Ова го кажува и Патрис Евра, легендарниот бек на Манчестер Јунајтед и некогашен репрезентативец на Франција:

Никој не може да ме увери во спротивното. Ние сите знаеме дека Мундијалот во Катар беше наместен за Лео Меси да го освои. Се беше напишано што се вели, дури и Франција го сакаше тоа“ изјави во еден подкаст Евра.

Ова значи дека и тој им се приклучи на оние луѓе кои веруваат во неакви си теории на заговор.

ПретходноМакедонија има 11 насто шанси да заврши како прва во групата – Ј! (ФОТО)
СледноПобеда има нови сопственици!