Со головите на Тричко и Алекс: Еве како пред 12 години го победивме Велс! Така нека биде и вечерва (ВИДЕО)

334

Вечерва од 20:45 часот, на Арената “Тодор Проески“ во Скопје, по третпат во нашата фудбалска историја се среќаваме со селекцијата на Велс. Досега билансот е една победа на Македонија и една на Велс. И двете средби се играа во таа 2013 година во рамките на квалификациите за СП 2014 во Бразил.

На 6 септември 2013 година, Македонија во Скопје успеа со 2:1 да го победи Велс. Нашата репрезентација поведе со голот на Иван Тричковски во 20.минута, потоа Арон Рамзи израмни од пенал во 39.минута, за да Алекс Трајковски во 80.минута со победнички гол ни донесе многу радост.

Немаме ништо против така да биде и вечерва.

Ова се головите од тој меч пред 12 години:

ПретходноТухел направи нешто што во репрезентацијата на Англија се нема случено повеќе од 30 години!
СледноНемоќните Дончиќ и Леброн загубија од тимот кој постигнува најмалку кошеви во НБА (ВИДЕО)