Како предигра на вечерниот дуел од Мундијалските квалификации на Македонската фудбалска репрезентација против Велс, кој ќе се одигра на Арената Тодор Проески во Скопје со почеток од 20:45, четвртолигашот ФК Слободен одигра пријателски меч со тим составен од навивачите на Велс пристигнати во нашиот главен град.
Истиот се одигра денеска на комплексот Петар Милошевски во Скопје, и заврши со победа на Велшаните од 5:6.
Секако резултатот од овој дуел е во втор план, а првенствено е важна дружбата и желбата ова да прерасне во традиција која што ќе се пренесе и на следните гостувања во Скопје, со кој и да е навивачки тим.